Бугарија го одобри пристапувањето на Македонија во НАТО

by fokus

Владата на Бугарија  го одобри нацрт Протоколот на Северноатланската спогодба за пристапување на Македонија во НАТО.

Со истата одлука, Советот на министри го овласти привремениот администратор на Постојаната делегација во НАТО да го потпише протоколот за пристапување, информираат бугарските медиуми.

Откако амбасадорите на сите земји членки на НАТО ќе го потпишат протоколот, ќе следи усвојување на документот во националните парламенти на државите. Се очекува Грција да биде прва земја што ќе го ратификува.

Процесот на ратификација на протоклот ќе се води забрзано. Македонија би можела да стане членка на НАТО веќе на Самитот во јули.

Поврзани новости