Бугарија е земјата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и Албанија. Оттука па натаму им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат.
Се надевам дека со заеднички напори и наша поддршка, тие ќе стигнат таму каде што граѓаните на РСМ најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, рече денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол на чл. 12 од Договорот за добрососедство и пријателство.
Документот, пишува БНТ, ќе биде дел од преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ и содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура.
Генчовска по потпишувањето истакна дека на состанокот на меѓувладината комисија утринава е забележан напредок во сите пет секторски групи.