Министерството за финансии во Бугарија ќе бара од Владата да ги намали трошоците за не помалку од 10 отсто поради финансиската нестабилност во која се најде. В.Д. министерката Росица Велкова-Желева во новиот извештај за состојбите наведува дека на земјата и се заканува банкрот и дека постои ризик за стабилност на фиксниот курс на бугарскиот лев во однос на еврото. Од таму предлагаат да се одложи влезот на Бугарија во еврозоната, на неодредено време.
Според министерката задолжувањето кај ММФ би помогнало за зачувување на фискалната стабилност, но може да наметне сериозни финансиски ограничувања и дека во таа ситуација приходите би биле замрзнати.
„Проценките направени од Министерството за финансии покажуваат дека доколку се задржат политиките донесени во 2022 година и ги рефлектираат фискалните ефекти од прописите што стапија на сила, а кои ги предодредуваат приходите и расходите, ефектот за 2023 година подразбира значително влошување на буџетскиот биланс во јавната администрација во износ од 6,9 отсто од БДП“, рече Велкова-Желева.