Бугарија е подготвена за неформални разговори со Македонија

by fokus

Привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев повтори дека бугарската позиција оформена со декларација на Парламентот останува непроменета, но, како што истакна, Софија е подготвена за дијалог за изнаоѓање решение за проблемот.

-Ние сме подготвени за неформални разговори и да започнеме практична работа на теми што можат да станат дел од патоказот за излез од ситуацијата, бидејќи Бугарија ја поддржува европската иднина на Република Северна Македонија и Албанија во пакет – рече Јанев на Бугарската национална телевизија.

Поврзани новости