Бугарија денеска ја доби преодната влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори.
Народното собрание на вонредната седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години. Тоа е и првата влада која положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот, по неодамнешните измени на уставни амандмани пишува бугарскиот сајт „Новините“.
Претходно денеска бугарскиот претседател Румен Радев издаде указ за официјално именување на кабинет и закажување единствени избори за 9 јуни и за европскиот и за националниот парламент.
На крајот на март претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) на бугарскиот претседател му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада што им го врачи со што се отвори патот за закажувањето на вонредните парламентарни избори.