Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков

by Fokus

Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани.

Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, неколку изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада.

Владата на Жељазков беше поддржана од пратениците на ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков народ, како и од партијата ДПС – ДПС. Против гласаа ПП-ДБ, Преродба, ДПС-Нов почеток и МЕЧ.

Во новиот владин кабинет, коалицијата ГЕРБ-СДС има 11 министри, БСП – Обединета левичарска партија пет, а Има таков народ ќе има четворица.

ДПС – ДПС иако ја поддржа, нема да партиципира во новата Влада. Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.

Состав на новата Влада на Бугарија:Премиер – Росен Жељазков; Вицепремиер и министер за иновации и раст – Томислав ДончевВицепремиер – Атанас ЗафировВицепремиер и министер за транспорт и врски – Гроздан Караѓов, Министерка за финансии – Теменужка Петкова, Министер за внатрешни работи – Даниел Митов, Министер за надворешни работи – Георг Георгиев, Министер за регионален развој и јавни работи – Иван Иванов, Министерот за труд и социјална политика – Борислав Гуцанов, Министер за одбрана – Атанас Запријанов,Министер за правда – Георги Георгиев, Министер за образование и наука – Красимир Валчев, Министер за здравство – Силви Кирилов, Министер за култура – ​​Маријан Бачев, Министер за земјоделство и храна – Георги Тахов, Министер за животна средина и води – Манол Генов, Министер за економија и индустрија – Петар Дилов, Министер за енергетика – Жечо Станков, Министер за е-Влада – Валентин Мундров, Министер за туризам – Мирослав Боршош, Министер за млади и спорт – Иван Пешев.

Поврзани новости