Бугарија чека „конкретни чекори“ за да го тргне ветото

by Фокус

Кога ќе видиме конкретни чекори и гаранции од Владата на Република Северна Македонија дека прашањата не се одложуваат, туку се решаваат, подготвени сме да се согласиме за одржување на првата меѓувладина конференција, изјави заменик-шефот на бугарската дипломатија Васил Георгиев по денешната трилатерална средба во Атина.

– Има некои чекори што треба да се преземат од Владата на Република Северна Македонија, особено на полето на исполнување на нивните обврски, согласно нашиот Договор од 2017 година за добрососедски односи. Би сакале некои конкретни чекори и да видиме некои гаранции дека прашањата меѓу нашите две соседни земји нема да бидат одложени, туку се обидуваат да се решат. Кога ќе видиме конкретни чекори и гаранции, подготвени сме да се согласиме за првата меѓувладина конференција – рече Велинов.

Поврзани новости