539
Запрашан зошто не беа ниту на лидерската средба во понеделник, лидерот на Левица, Димитар Апасиев го повтори партискиот став дека ќе прифат внесување на Бугарите во Уставот ако тоа реципрочно се направи и во Бугарија.
-Цениме дека нема што да преговараме за тие прашања. Нашиот став е јасен. Бугари во Устав во Македонија може под еден услов кога ќе има Македонци во бугарскиот Устав. Тоа е непроменет став и нема зошто да разговараме на темата, вели Апасиев.