Бугари, Грци и Албанци доаѓаат во Скопје на концертот на ,,Massive Attack”: Коцките се склопија!

by Fokus

Огромен интерес за најавениот скопски концерт на популарнииот бенд ,, Massive Attack” имало не само во земјава, туку и во регионот. Бројни љубители на музиката на британскиот бенд, од Албанија, Косово, Грција и Бугарија веќе набавиле влезници за настанот кој ќе се одржи на 28-ми јуни на Стадионот на АРМ во Скопје, а организаторот, Авалон Продукција извести дека била забележана извонредна продажба на влезниците низ целиот регион.

Инаку, бендот доаѓа во Скопје по 15 години пауза. На музичката сцена се присутни од 1988 година, а огромен светски успех им донесе албумот ,,Mezzanine” во 1998 година.

-,,Massive Attack” се голем бенд и без конкуренција во она што и го пружаат на публиката, од headline настапите на големите светски фестивали, па до соло концертите, како овој што летово ќе го имаме во Скопје.

Па, зарем имаат било каква конкуренција во светската дискографија песни како ,,Safe from harm”, ,,Angel”, Teardrop”, ,,Protection”, ,,Unfinished Symphony”, ,,Inertia Creeps”, како песни кои во живо се далеку повозбудливи од студиските верзии, и кои ќе бидат со нас на 28-ми јуни – сабота, на Стадион на АРМ?!

За да се случат годинава во нашата земја ,,Massive Attack”, не требаше многу коцки да се склопат. Требаше да учествуваме во склопувањето на мозаикот од самиот почеток на склопување на нивната светска турнеја, истакнаа од продукцијата.

Влезниците се со цени од 1.999 денари и 2.999 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости