Буџетските корисници да обезбедат средствата за К-15 од сопствениот буџет

by Fokus

На денешната седница, Владата донела заклучок со којшто се задолжуваат буџетските корисници да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор во рамки на одобрениот сопствен Буџет за 2022 година со внатрешна прераспределба меѓу расходните ставки.

– Имајќи ја предвид обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година до крајот на тековната година (К-15), како и правосилните судски пресуди и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година, а со цел намалување на товарот врз Буџетот по основ на судски и адвокатски трошоци, на предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9.000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки, се неведува во соопштението од Владата.

За буџетските корисници коишто немаат реални можности да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес со внатрешна прераспределба во рамките на сопствениот Буџет за 2022 година, предвидено е да се обезбедат средствата со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите

Поврзани новости