Миграцијата е голем проблем и еден од најголемите предизвици на модерното време. Треба да се побараат поголем број на полицајци и ФРОНТЕКС сили на нашата граница.
Ова го истакна директорот на Центарот за управување со кризи во „Утрински брифинг“, Агрон Буџаку.
-Миграцијата е голем проблем и еден од најголемите предизвици на модерното време. За среќа нема такви катастрофи како што се светски војни. Сега кризата и проблемите кои заземаат првиоритетно место кај политичарите од ЕУ и САД е миграцијата. Сега државите имаат можност преку границите да го ограничуваат влезот. Во 2015, како мала земја, која што секогаш била земја на емиграција, ние имавме бран од над 1.000.000 луѓе кои поминаа низ земјава. Морам да ги пофалам институциите на системот дека тогаш со ограничени ресурси и мала помош од ЕУ се справивме релативно добро. Но споредбено со Франција, каде секогаш има миграција, значи со моќна и силна држава, ние одлично се справивме. Од тогаш се воспостави еден систем на работа, тоа значи дека имаме прогласена кризна состојба на јужната и северната граница. За жал несреќата на голем број луѓе и деца се злоупотребува на секој можен начин. Кога Меркел прими 1.000.000 бегалци од Сирија имаше огромни напади и екстремната десница на таа основа ја градеше политиката за да добие повеќе гласови. Штом сега ЕУ вели дека Грција ги чува границите на ЕУ, Унијата нема да побара од нас да бидеме земја која ќе ги прими бегалците- вели Буџаку.