И на изборите во 2006 година имаше еден феномен, кој му се случува на СДСМ. Тогаш се појави НСДП, сега Максим Димитриевски со Знам, кој има и подобар резултатот, рече поранешниот премиер Владо Бучковски во „360 степени“ на МТВ.
Тој додаде дека според неговата проценка и искуството со НСДП на Тито Петковски, очекувал околу 50 до 60 илјади гласови за Максим Димитриевски и кажа дека неговиот резултат е изненадувачки.
Поранешниот премиер кажа дека ДУИ оствариле одличен резултат на претседателските избори со Бујар Османи, во една неизвесна трка помеѓу албанските партии.
-Многумина не веруваа дека ДУИ може да направи ваква разлика, имајќи предвид каква атмосфера беше создадена. Но со вештонаправените коалиции, да не го заборавиме и Села, само во Гостивар не победија, а разликата е неколку стотина гласови. Секаде победи ДУИ – рече Бучковски.