Бучковски: Во Скопје и во Софија има групи кои работат да не се постигне компромис

by Fokus

Можен е договор меѓу Скопје и Софија за време на француското претседателство со ЕУ, но има групи и во двете земји кои работат да не се најде компромис, вели во интервју за бугарската телевизија Нова, поранешниот македонски премиер и специјален претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

– Бугарија и Северна Македонија можат да постигнат договор за време на француското претседателство со Европската унија. Климата за преговори сега е подобра. Има шанса за договор следниот месец. Постојат групи во Софија и Скопје кои работат против компромис и договор меѓу нашите две земји, рече Бучковски.

Според него, петте руски дипломати протерани од Скопје станувале сè поагресивни во нивните обиди да го спречат договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, и желбата на Скопје да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Во однос на резултатите од пописот во С Македонија, Бучковски посочува дека разликата во издадените пасоши и бројот оние кои се изјасниле како Бугари се должи на тоа што повеќето пасоши се земени од економски причини и тие луѓе повеќе не се во државата.

– Верувам дека сите кои сакаа да се изјаснат како Бугари за време на пописот го направија тоа, вели Бучковски.

Поврзани новости