Бучковски: Однесувањето на Бугарија не е само поради изборите

by Фокус

Поранешниот премиер Владо Бучковски смета дека однесувањето на Бугарија кон Македонија не е само поради претстојните избори, туку, како што вели, поради долгогодишни наталожени проблеми.

– За истите овие политичари мислевме дека се наши, за Захариева дека е на наша страна затоа што кога претседаваа они во ЕУ, таа постојано го враќаше на дневен ред прашањето за проширувањето на ЕУ, но сега се сменија работите. Ако се направат подлабоки анализи во изминатата година е поинаку, прво мислевме дека тоа е заради локалните избори во Бугарија, сега мислиме затоа што им се ближат парламентарните избори, но има и наталожено проблеми кои тежат пет децении. И сега они мислат дека треба да ги истестираат овие политичари, медиумите, јавноста, дали сме ние спремни да најдеме заеднички личности кои ќе потврдат дека навистина сме блиски – рече Бучковски на Сител.

Според него, Македонците забораваат дека Комунистичката партија која го создаде Антифашистичкото движење, од 1934 година од Коминтерната до формирање на првите партизански одреди била силно помогната од Комунистичката партија на Бугарија.

-Ние во 2005 година го рехабилитиравме Методија Шаторов Шарло. Рехабилитацијата и Каракачанов ја споменува постојано. Во 2005 година ние имаме Закон за обештетување на репресираните од комунистичкиот режим. Во 2006 година кога спикер во парламентот беше Љупчо Јордановски, на предлог на Стојан Андов, имаме Резолуција донесена според Резолуцијата на Советот на Европа, таа е за осуда на неправдите од комунизмот. Таа може да не покрие во тој дел што го споменуваат Бугарите – изјави Бучковски.

Поврзани новости