Бучковски: Ништо не е тајно, некој се обидува да ја наелектризира состојбата во Македонија

by Fokus

Некогашниот премиер Владо Бучковски во гостувањето на Студио 10 на ТВ 24 говореше за состојбите на спорот со Бугарија. Како што истакна тој, се бара решение за проблемот и веќе е направена отстапка.

„Ова е предизвик за мене, убеден сум дека ќе успееме, блиску сме до излезни решенија. Недопустливо е ние да биде понижени, нашите црвени линии се исцртуваат, јасно е во кој правец треба да се најдат решенијата. Ми се допадна дефиницијата на Османи, мора да ја вратиме довербата во процесот, процесот е нарушен. За Македонија нема друга мисија, мора да сме трпеливи, ова мора сега да го решиме. Не гледам дека ќе има промена на политичката сцена во Бугарија. Додека разговараме тимовите работат, бараат решение. Не следи проблемот со македонскиот јазик уште од почетокот на Договорот, јазичната формула инсистираат секогаш да се користи кога ќе се спомене македонски јазик. Веќе имаме направено отстапка. Ништо не е тајно, очигледно е дека некој се обидува да ја наелектризира состојбата во Македонија, инсистираме да се користи македонскиот јазик според Договорот. Што значи терминот заедничка историја? Анализите по Договорот беа дека Бугарија доби признание дека сме имале заедничка историја, а ние добивме признавање дека сме два различни народи“ – рече тој.

Поврзани новости