Бучковски: Мицкоски е исправен пред тест, дали ќе биде наследник на Заев или тука е неговиот крај

by fokus

Мицкоски и новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат исправени на тест да поддржат референдум и граѓаните да се изјаснат за ова важно прашање или пак граѓаните да го срушат овој сон, вели Владо Бучковски во интервју за Фактор.

Бучковски вели дека Заев бил упорен, сепак во однос на тоа што некои го нарекуваат лидер а некои предавник, тој посочува дека поголема е дилемата за политичката кариера на Мицкоски.

-Геополитичките состојби сега доведоа до тоа и меѓународната заедница да го користи своето влијание и влијанието на носењето на овие одлуки беа дополнителни адути на Заев во носењето на овие одлуки. Силата на Македонија во споредба со Грција не се мери, затоа договорот е асиметричен. На самиот почеток кога се говори за нашето име, поголема е тежината. Затоа не можеме да мериме на кантар кој изгубил, вин вин не може да се постигне. Мислам дека тоа е направено како што треба. Упорен беше Заев, ама и Димитров. Потезите кои сега ги влече влијаат на неговиот рејтинг. Некој велат дека е лидер, некои дека е предавник. Така беше и во 2001 година. Поголема е дилемата за политичката кариера на Мицкоски. Ова е сериозен тест, од ова ќе зависи дали тој ќе биде наследникот на Заев или неговата политичка кариера ќе заврши.

Поврзани новости