619
Професорот Владо Бучковски, кој до пред еден месец беше специјален претставник за Бугарија, се обиде да ја појасни причината зошто повеќе не ја извршува таа функција.
„Кога видов дека ни се раздвојуваат размислувањата, сфатив дека нема што многу да помогнам во таквата состојба. Но, јас ќе работам на каузата. Ќе се трудиме да дојде до зближување на двата народи и надминување на сите проблеми кои настанаа од бугарската блокада“, рече Бучковски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5.