Бучковски е убеден дека Бугарија ќе ја тргне блокадата

by Fokus

Специјалниот пратеник на македонската влада за решавање на спорот меѓу властите во Скопје и Софија, Владо Бучковски, верува дека во наредните месеци Бугарија ќе ја укине блокадата за почеток на преговорите за членство во ЕУ, објави БГНЕС.

„Во 2021 година Бугарија немаше редовна влада цели 8 месеци. Во земјата имаше три парламентарни и едни претседателски избори. Тоа сериозно влијаеше на нашите напори да најдеме заемно прифатливо решение и да ја укинеме блокадата на нашиот пат кон ЕУ. Во 2022 година очекувам да се постигне взаемно прифатливо решение со Бугарија. Решение кое ќе се заснова на меѓусебно почитување и ќе се одржува. Бугарската блокада ќе биде укината. Почетокот на преговорите со ЕУ конечно ќе биде реалност“, истакна Бучковски.

Поврзани новости