Бучковски: Добивањето датум може да донесе само еден пратеник плус за СДСМ

by fokus

Поранешниот премиер Владо Бучковски во вечерашното гостување на телевизија Телма го изрази своето мислење дека евентуалното добивање на датум за преговори со ЕУ пред изборите, нема да има многу големо влијание.

-Ако пред изборите го добиеме датумот, тоа ќе биде во полза на власта. Ако има датум за преговори на 26 март тоа ќе биде блага предност за СДСМ и Беса, но нема да биде гаранција дека ќе ги добијат изборите. Исходот на 26 март може да донесе еден пратеник повеќе на СДСМ во првата, евентуално во втората изборна единица и ништо повеќе, рече Бучковски.

Поврзани новости