Бучковски: Бугарија навлегува во политичка криза, ќе јакне улогата на Радев

by Фокус

Реално во овој момент не можеме да направиме многу, ние сме подготвени, но од другата страна немаме соговорник со полн легитимитет за да ги заокружиме преговорите со Бугарија, оцени вечерва специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски на Сител. Тој посочи дека Бугарија навлегува во сериозна политичка криза, а во следните три месеци ќе има техничка влада која ќе биде предложена од претседателот на државата.

-Сето тоа невестува дека во периодот што претстои ќе јакне улогата на претседателот Радев. Ние досега имавме редовни контакти со него и со неговиот Кабинет. Морам да признаам дека на средбата што ја имав во втората половина на декември, не видов разлика меѓу позициите кои ги имаше Владата и претседателот. Тој со гордост говореше дека и Декларацијата во Парламентот е донесена на негово инсистирање. Така што треба да бидеме свесни дека бугарските позиции ќе бидат тврди и во иднина, но од друга страна и нашите позиции се кристално јасни – рече Бучковски.

Според него, во овој ваккум период би требало да се гради клима на доверба во делот на медиумите, културата, образованието, бизнис заедницата и младите.

Поврзани новости