Бубевски за тв Нова: Денеска очекуваме прва кривична пријава против осомничените за убиството на Вања и Панче!

by Fokus

Македонскиот обвинител Гаврил Бубевски во изјава за српска тв Нова изјави дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и фризерот Панче Жежовски им се заканува казна затвор од десет години, како и доживотен затвор. Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.

„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојката, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, така рекле осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски.

Според него, киднаперите се плашеле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот.

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, вели обвинителот.

Тој посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

 

Поврзани новости