524
Oбвинителот Гаврил Бубевски од Специјалното јавно обвинителство изјави дека мора да има притвор за Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК.
– Само во Македонија решението за притвор е неизвршно. Притворот мора да се спроведе – вели обвинителот на СЈО.
Бубевски посочи дека аргументите и доказите се на нивна страна. Обвинителот истакна дека веруваат дека Врховниот суд ќе ја потврди одлуката на Апелација за притворот на Грујевски, Јакимовски и Бошковски.