Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, во интервју за неделникот ,,Фокус”, освен за актуелните предмети, зборува и за поранешното СЈО, од кое што и самиот беше дел.
На заклучокот дека измените на Кривичниот законик ,,разнесоа” голем дел од предметите на Специјалното обвинителство, па дали го дели впечатокот дека политиката го создаде но и уништи СЈО, Бубевски вели:
-За мене лично, овој крај на предметите на СЈО, во кои државата вложи средства, народот вложи верба, а ние како обвинители вложивме огромен труд и енергија, е неправеден. Тука измените на Кривичниот законик беа навистина последниот удар. Едноставно сметам дека како општество веројатно од самиот старт не бевме подготвени да стигнеме до вистинска завршница на тие предмети. Обвинителството се заложи и ги одржа во живот предметите и по крајот на мандатот на СЈО, меѓутоа ние сме само една алка во системот, вели обвинителот.
На прашањето пак зошто и сега обвинителите не се гласни кон неправдите и притисоците, односно зошто се молчи како во времето на СЈО, Бубевски вели:
-Јавните обвинители не ги доживувам како тивки и молчаливи, особено не обвинителите од некогашното СЈО. Сепак, ние сме дел од комплексна институција. Нашата битка е институционална и често се одвива подалеку од очите на јавноста. Меѓутоа, во одредени ситуации и гласно истапуваме, особено доколку се врши упад во самостојноста во постапувањето на јавните обвинители или на јавното обвинителство во целина, посочува Бубевски.
Разговараше
Валентина ВУРМО
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК