618
Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, по денешните јавни седници на Апелација рече дека ги добиле решенијата за притвор на обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски и дека е добро што е определен притвор, а не мерка куќен притвор.
– Ако определеа мерка куќен притвор, останува отворено прашањето до правосилноста на решението, каде би биле чувани обвинетите, можеби кај соседите – истакна Бубевски.