557
Вчера беше ограбена експозитура на Уни Банка во Капиштец. Вооружени крадци влегоа во банката, предизвикувајќи сериозен и опасен инцидент.
Со брзата и професионална реакција на НИКОБ, преку безбедносниот систем на набљудување и алармирање, обезбедувањето пристигнало за една минута и биле преземени сите безбедносни мерки.
Крадците се обиделе да избегаат, а кога патролниот службеник се обидел да интервенира, било пукано кон него. Но, оваа брза интервенција и сведочењето на НИКОБ помогна МВР брзо да го расветли овој настан и да приведе двајца од тројцата сторители.
ПР текст