1.2K
На обвинетиот, Мунир Пепиќ му се слоши денеска на судењето за Титаник во Кривичниот суд, поради што беше повикана Брза помош. По тоа судијата Осман Шабани го одложи рочиштето, поради судењето за 27 април кое треба да следи.
Пепиќ е обвинет и во предметот за настаните за Крвавиот четврток. На почетокот на судењето, судијката Добрила Кацарска извести дека лекари го прегледале Пепиќ и дека здравствената состојба му е подобра поради што судењето за упадот во Собранието ќе може да се одржи со негово присуство.