Медицински тим од Брза помош од Крушево во текот на вчерашната вечер имал сериозни потешкотии при помагање на лице кое било пријавено дека е паднато на прилично стрмна улица во градот.
Но, поради голомразицата создадена на патот поради минусните температури, стигнувањето до лицето и пружење на помош било мошне тешко.
Па така, за да ја завршат својата работа, медицинарите од Брзата помош морало да фрлаат неколку лопати земја за да стигнат и да помогнат на лицето.
За овој случај е запознаен и градоначалникот на градот, Томе Христоски, кој истакна дека ќе се потрудат во иднина сите помали улички да бидат навремено посолени.
„Таа улица е прилично стрмна и формирана е голомразица. Поради тоа е отежнато движењето дури и кога нема снег. Но, навечер се формирал мраз и се случила таа непријатност. Се сочувствувам со граѓаните од таа улица и ветувам дека сите споредни улици во градот ќе бидат посолени. Се случуваат вакви работи за жал и треба да бидеме повнимателни“, рече Христоски.
Фото – илустрација
Јорданчо Цветаноски