470
Воз во Јапонија, кој се движел со брзина од 280 километри на час, возел 40 секунди со отворени врати, пренесуваат медиумите.
„Ист Јапан“ соопшти дека нема повредени при ваквата несекојдневна ситуација, а проблемот настанал откако работникот задолжен за одржување на хигиената, заборавил да го исклучи уредот кој отвора и затвора вратите.
Возот набрзо застанал во тунел во градот Шибата, а го продолжил својот пат по 15-минутна контрола.