Бруталност на белградските улици, загина млад спортист

by Фокус

Белград ноќеска беше сведок на два одделни инциденти со убоди од нож. Настаните се одвиваа на една минута разлика еден од друг.

Според Нова, првиот напад се случил во 0:54 часот на Теразие, во близина на хотелот „Москва“. Еден човек, брутално избоден со нож, се здобил со сериозни повреди и веднаш бил пренесен во Центарот за итна реанимација.

Една минута подоцна, во 00:55 часот, на аголот од улиците Добрачина и Дунавска се случи уште еден шокантен инцидент. Жртвата, исто така избодена, веднаш била пренесена на реанимација, како што информираат од итната помош.

Телеграф пренесува дека втората жртва им подлегнала на повредите и трагично го загубила животот. Се работи за Стефан Савиќ, репрезентативец на Србија кој освои бронзен медал на Светското првенство во ММА.

Поврзани новости