Брутално убиство: Млад Србин задавен во Трст поради девојка

by fokus

Тинејџер со српско потекло е брутално убиен на Божиќ и пронајден во подрум на зграда во Трст. Станува збор за седумнаесетгодишниот Роберт Трајковиќ, а убиството е извршено ноќта меѓу 7.и 8. јануари.

Според италијанските медиуми, убиецот е три години постаро момче од Мароко и тој наводно го признал убиството и го открил мотивот: двајцата биле вљубени во иста девојка.

-Телото во неделата е пронајдено во подрум на хостел во кој била сместена девојката. Во зградата се пронајдени и траги од крв, а се проверувал дали момчето првично било одвлечкано со автомобил и претепано, или веднаш е одведен во подрумот и таму задавен, соопштија од полицијата.

Убиецот бил поранешно момче на девојката, а со Роберт биле другари. Тој му направил заседа на Роберт така што кобната вечер дошол пред него во станот на девојката. Го пречекал на влезот во зградата и од зад грб го нападнал. Го одвлечкал во подрумот и го задавил со јаже околу вратот. Додека го давел му викал „таа е моја“, пишуваат италијанските медиуми.

Поврзани новости