Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш станал херој на авионскиот лет од Манчестер кон Лисабон.
Португалецот забележал дека еден од патниците се онесвестил, по што прв интервенирал, а потоа повикал помош.
„Слушнав дека некој вика за помош. Тоа беше Бруно Фернандеш, по што дојде дел од екипажот на авионот да помогне. Бруно остана со човекот до крајот на летот“, изјавила Сузана Лосон која била сведок на драмата во авионот.
– По крајот од летот, се погрижив да добијам селфи со него. Каков фантастичен човек, убаво е да се потсетиме дека и познатите ѕвезди се само нормални луѓе. Тоа го заклучив од случајот со Бруно – додава Англичанката.
.@ManUtd footballer @B_Fernandes8 has been praised for his quick-thinking actions after coming to the aid of a fellow passenger on a flight to Lisbon.
The @easyJet plane was full of delegates heading to the #WebSummit when the mid-air drama unfolded.https://t.co/0wcjU6AskI pic.twitter.com/FUV0yhz9AL
— BusinessCloud.co.uk (@BCloudUK) November 12, 2024