Новиот директор на Клиничка болнца Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Захариев удри по пожарникарите, обвини СДСМ.
„Опомена пред тужба од страна на Клиничката болница во Штип му пристигнала на пожарникар за негово лекување откако за влакно не го изгубил животот во гаснење на пожарите по што морал да се лекува.
ДПМНЕ ги казнува пожарникарите додека тие се единствени кои се борат со пожарите и го ризикуваат својот живот. Скандалозен и недозволив е ваков однос и вакво непочитување“велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ им ги замрзнала и платите на пожарникарите.
„Дури пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не го прифатија амандманот на СДСМ со ребаланост да им се даде награда на пожарникарите за учеството во гасењето на пожарите. Ниту една награда не сакаат да им дадат на пожарникарите.
Така е сега со новата власт на ВМРО-ДПМНЕ, нема пари за пожарникарите, нема пари за наставниците, професорите, нема пари за работниците. Баш им е гајле“ порачаа од опозициската партија.