Холивудската ѕвезда Брук Шилдс беше во брак со тенисерот Андре Агаси, а сега се осврна на караницата што изби по нејзината улога во серијата „Пријатели“.
Во култната комедија, Брук имаше епизодна улога како Ерика, портретирана девојка опседната со Џои, улога која ја играше Мет Лебланк.
За време на сцената со нивниот состанок, Ерика почнува да се однесува чудно и ги лиже прстите на Џои.
„Во таа сцена требаше да му ги излижам прстите на Џои, бидејќи тие се раце на генијалец, и сакам да ги јадам, а јас сум луда“, изјави Шилдс во интервју за „Њујоркер“, а пренесе „Инсајдер портал“.
Како што рекла, Лебланк бил многу смешен и пријатен за време на сетот, а тој и рекол дека ги измил рацете пред сцената.
Меѓутоа, на нејзиниот тогашен сопруг Агаси оваа сцена воопшто не му била смешна и само излетал надвор.
„Тој рече: `Сите ме исмејуваат. Ме направи будала со тоа однесување`, му реков: `Што ти е? Тоа е комедија`, се сеќава Шилдс.
Како што кажала во интервјуто, откако дошле дома, настанал скандал: `Тој ги кршеше сите трофеи`.
Познатата актерка додала дека набргу потоа дознала дека тенисерот бил зависник од кристал мет.
„Сигурна сум дека тоа однесување имаше врска со зависноста“, додала актерката.
Меѓутоа, Агаси во својата автобиографија „Отворено“ вели дека почнал да се дрогира во 1997 година, а снимањето на оваа епизода од „Пријатели“ се случило во 1995 година.