Бројот на жртви во поплавите во Шпанија се искачи на 211

by Fokus

Бројот на загинати во најсмртоносните поплави во модерната историја на Шпанија се искачи на најмалку 211, додека десетици други се водат за исчезнати, четири дена по обилните врнежи што го зафатија регионот Валенсија.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска изјави дека и натаму е во тек потрагата по исчезнатите и најави дека ќе испрати дополнителни 5.000 војници во погодените подрачја.

„Шпанија се соочува со најголемите поплави на овој век“, рече Санчез и апелираше на единство со цел надминување на последиците од природната непогода.

Повеќе од 13.000 Шпанци земаа учество во волонтерски групи за да им помогнат на погодените од катастрофалните поплави во Валенсија.

Помагаат во чистење и поправка на куќи и инфраструктура.

Истовремено, илјадници војници, полицајци, пожарникари работат на спасување и лоцирање на исчезнатите.

Поврзани новости