Повеќе од 26 милиони луѓе, поточно 26.093,812, биле заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдметерс“.
Според веб-страницата, од последиците на вирусот досега починале 864.565 лица, а оздравеле 18.340.671 лице.
Во моментов има 6.888,576 активни случаи, од кои 60.670 се во критична здравствена состојба.
Ситуацијата е најтешка во САД, каде повеќе од 6,2 милиони луѓе се заразени со коронавирусот, а починаа 189.651 лице.
На второ место е Бразил со над 3,9 милиони заразени и 122 941 починати, а на трето место е Индија со над 3,8 милиони заразени и 67 486 жртви.
Само Русија сè уште има повеќе од милион пациенти, поточно 1.005.000. Во таа земја, сепак, бројот на смртни случаи е значително помал – 17.414.