Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес во западниот дел на Авганистан се зголеми на 26 лица, соопшти официјален претставник.
– Пет жени и четири деца се меѓу 26-те загинати во земјотресот, изјави Баз Мохамед Сарвари, портпарол на провинцијата Бадгис, која беше погодена од земјотресот, додавајќи дека уште четири лица се повредени.
Повеќето од жртвите ги загубиле своите животи кога се урнале покривите на нивните куќи во областа Кадис во провинцијата.
Спасувачките служби пристигнаа во некои од погодените области каде, исто така, се регистрирани поројни дождови, но предупредија дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи планинската провинција Багдис, која граничи со Туркменистан, е една од најсиромашните и најмалку развиените во Авганистан.
Мула Џанан Саке, раководител на Центарот за вонредни операции при Министерството за државни работи за вонредни ситуации, го потврди бројот на жртвите и додаде дека повеќе од 700 куќи биле оштетени во земјотресот. Тој истакна дека земјотресот предизвикал штета во областа Мукр, но не е познато дали има загинати.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала, бил на длабочина од 30 километри