Бројот на загинати во Турција и Сирија се доближува до 700

by fokus

Најмалку 670 лица загинаа во Турција и Сирија по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер што се случи рано утринава.

Во Сирија, најмалку 386 лица загинаа, главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, објави сириската државна телевизија.

Групата „Бели шлемови“, официјално позната како Сириска цивилна одбрана, исто така објави за најмалку 147 смртни случаи во областите контролирани од опозицијата во северозападна Сирија.

Стотици други луѓе беа повредени по земјотресот, а 648 се повредени во Алепо, Хама, Латакија и Тартус, јави сириската државна телевизија. Други 340 повредени, исто така, беа пријавени во областите контролирани од опозицијата.

Во Турција, најмалку 284 лица загинаа, а повеќе од 2.323 лица се повредени, изјави претходно турскиот потпретседател Фуат Октај.

Поврзани новости