387
Бројот на загинати во земјотресот што доцна во петокот го погоди Мароко надмина илјада луѓе, објави Министерството за внатрешни работи.
Министерството соопшти дека загинале 1.037 лица, а 1.204 се повредени, од кои „721 се во критична состојба“.
Катастрофалниот земјотрес, најлошиот во последните 60 години, бил со јачина од 7,2 степени, соопшти Мароканскиот геофизички центар.
Тоа е најсмртоносниот земјотрес што го погодил Мароко од 1960 година, кога се проценува дека загинале најмалку 12.000 луѓе, соопшти Американскиот геолошки институт.