Бројот на заболени од новиот коронавирус во светот достигна речиси пет милиони, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдметерс“.
Моменталната бројка, врз основа на податоците од СЗО е 4.990,470, од кои 324,990 се починати, а 1.961,385 се оздравени.
Според тоа, во светот активни случаи се 2.704,095, при што 2.658, 664 (или 98 проценти) се со лесни симптоми, додека 45.431 се во тешка состојба.
САД со 1.570,583 заболени и 93.533 починати се на врвот на листата, по што следи Русија, која ја турна Шпанија на третото место.
Според пријавените податоци, во Русија има 299.941 заболени и 2.837 починати како последици на ковид-19.
Трета е Шпанија со 278.803 заболени и 27.778 починати лица.
Ситуацијата се влошува во Бразил каде бројот на заболени се искачи на 271.885 од кои 17.983 се починати.
Бројот на заболени во Велика Британија е 248.818, од кои 35.341 се починати.
Италија, која беше црната точка во Европа, паѓа се подолу на листата со 226.699 заболени вкупно, и 32.169 починати лица.
Во Азија, Турција има најмногу заболени, 151.615 и 4.199 починати лица.
Од континентите Европа со 1.815,517 заболени и 164.585 починати е прва, по што следува Азија, каде и се појави жариштето на новиот коронавирус со 843.783 заболени и 25.547 починати лица. Во Јужна Америка има 488.006 заболени и 25.493 починати.
Во Африка има 93.331 заболени и 2.925 почнати како последици на коронавирусот, а Австралија и Океанија се со најмал број заболени , 8.686 и 121 починати.