Бројот на заболени во Италија од корона вирусот се искачи на 650, а 17 лица починаа

by fokus

Вирусот се рашири во уште 44 држави кад има 3.256 случаи на зараени со вирусот, а регистриран е и 51 смртен случај.

Во Италија, земја со најмногу заразени во Европа, бројот на заболени од коронавирусот се зголеми на 650. Седумнаесет лица починаа во Италија, а најголем број случаи на заболени од вирусот има во Ломбардија и Венето.

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната пневмонија. Вкупниот број на заразени со новиот вирус пак бил 245 луѓе.

Поврзани новости