562
Министерството за здравство на Грција утрово соопшти дека се потврдени пет нови случаи на корона вирусот. Четворица од ново заболените имале блиски контакти со веќе потврдени случаи, а петиот е граѓанин кој патувал во Лондон. Со новите случаи бројката на заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 89 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за коронавирусот, професорот Сотирис Циодрас соопштува дека е влошена состојбата на лицето кое изминатите денови е хоспитализирано на интензивна нега во болницата во грчкиот град Патра и се наоѓа во критична состојба.