Бројот на туристи зголемен за 56,6 отсто, мерките даваат резултат

by fokus

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во периодот јануари-јули 2021 година бележи раст од 56,6 отсто, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Бројот на ноќевањата е зголемен за 46,6 проценти, а во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Имајќи предвид дека во светски рамки туризмот беше една од најпогодените индустрии од пандемијата со Ковид 19, главниот фокус на Владата преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот беше да се поддржат најпогодените сектори. Фокусот беше во зачувување на работни места во овој сектор и подршка на индустријата преку конкретни финансиски мерки. Имајќи ги предвид бројките на туристи и ноќевања можеме да покажеме дека мерките кои се имплементирани дадоа видливи резултати.

Поврзани новости