Ако сега е пикот на новозаразени со Ковид-19, бројот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна и може да оди над 60 починати на ден, вели микробиологот д-р Никола Пановски.
-Според бројот на хоспитализирани можеше да се очекува бројот на починати, што според разни статистики е околу 29,30 отсто. И, не е тешко да се пресмета дека ако имате 1 700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500. Рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тој е процентот. За жал бројот на смртни случаи две недели доцни во однос на бројот новооткриени и ако она завчера, 1 500 беше некој пик или деновиве ќе го достигнеме, тогаш би требало да сметаме дека пикот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна. Ако бројот во следните денови е 40 се очекува за жал да оди и над 60. Ако пикот на новозаразени е на 5 април, бројот на смртни случаи би бил некаде на 20 април, изјави Пановски во гостување на Сител.
Тој смета дека зголемениот број на заразени млади лица од кои дел завршуваат со смртни последици е нивниот начин на живот и вели дека нема докази дека е поврзано со мутациите на вирусот.
-Луѓето меѓу 30-40 најчесто се заразуваат и најмалку се штитат, не можат да се штитат или им е смачено, а некои одат по ресторани кафичи, значи свесно одат да се заразат. За жал тоа е една себичност позната во Западна Европа која однесе милиони луѓе и млади, но на еден млад одат уште 50 стари на кои им го носат вирусот дома. Мислам дека постарите сите веруваат во вирусот и сите се заштитени, затоа има и кај младите доста случаи. Можеби е од самиот вирус ќе треба да се види, рече Пановски.
Пред неколку дена беа регистрирани над 1500 заразени во еден ден, а вчера имаше рекордни 50 починати за 24 часа.