Бројот на респиратори во Србија се третира како државна тајна и во сите држави е тоа така, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ на прашањата дали Србија има доволно респиратори при ширење на зараза со корона вирус, со оглед на тоа дека српските власти најавија итна набавка на 15 респиратори.
Таа објаснуваше дека набавката се прави за „секој случај“, за системот да биде „200 посто сигурен“, а не затоа што нема вакви апарати.
-Вчера претседателот Вучиќ ги праша луѓето од здравство дали може да каже бројка и тие му рекоа дека не може јавно да се зборува за бројки, рече Брнабиќ.
Но неколку часа подоцна, под пристисок на јавноста српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија моментално располага со 1008 респиратори што, според него, е три пати повеќе во споредба со 2009 година кога имаше пандемија од свински грип и починаа 137 лица.
Вучиќ во обраќањето до јавноста најави дека за 25 дена ќе бидат набавени уште 500 респиратори за да се биделе подготвени и за најлошо можно сценарио.