744
Бројот на работници во индустријата во ноември е намален за 4,2 проценти во споредба на истиот месец лани, а за 4,7 проценти во периодот јануари-ноември во однос на истиот период лани.
Најголем пад има во секторот Преработувачка индустрија за 4,5 проценти по што следува Рударство и вадење на камен со 1,8 проценти и Снабдување со електрична енергија, гас и климатизација со 1,6 проценти.
Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика, во главните индустриски групи најголем пад има кај Интермедијарните производи за 5,7 проценти, кај Нетрајните производи за широка потрошувачка за 5,2 проценти и кај Трајните производи за широка потрошувачка за 3,6 проценти.