667
Вкупниот број на смртни случаи од корона вирусот во Бразил денеска надмина 150.000 лица, и покрај знаците дека пандемијата забавува во оваа најголема латиноамериканска земја.
Во последните 24 часа биле регистрирани 26.749 нови случаи на коронавирус, апочинаа 559 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 150.198.
Американските медиуми пренесуваат дека Бразил се наоѓа на второто место во светот, веднаш зад САД, според бројот на смртни случаи во пандемијата.
Од почетокот на пандемијата во Бразил се инфицирани 5,08 милиони лица.