Бројот на инфицираните во Тиквешко расте, забавите не прекинуваат!

by fokus

Дури 59 нови слаучаи на корона вирус се регистрирани денес до 13 часот во Тиквешко. Во Кавадарци позитивни се 41 лице, 15 во Неготино, две во Демир Капија и едно во Росоман, информираат од ЦЈЗ Кавадарци.

Помеѓу нив има тројца здравствени работници од Кавадарци и еден од Неготино, а новорегистрираните се на возраст од 12 до 70 години. Починат е пациент од Кавадарци на возраст од 79 години.

И покрај овие бројки на нови случаи на вирусот, сепак дружбите во Тиквешко не престануваат. Кафулињата се полни во тек на ден, а во вечерните часови се популарни седенките во домашна атмосфера, од кои дрско се објавуваат фотографии и видео снимки на социјалните мрежи.

Според вчерашните податоци на МЗ во Кавадарци беа активни 523 случаи, а во Неготино 337. Од почетокот на пандемијата до денес во Тиквешијата се инфицираа 2.063 лица.
Ковид одделот во кавадаречката болница работи под полна пареа веќе два месеци, а моментално се хоспитализирани 39 пациенти.

Сепак, бројот на скептици кои ја занемаруваат опасноста од вирусот е голем, и добар дел од граѓаните продолжуваат со животен стил како пред пандемијата, загрозувајќи го јавното здравје и игнорирајќи го фактот што здравствените работници се уморни од деветмесечната борба со вирусот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости