Бројот на инфицирани со корона во Германија близу 20.000 луѓе

by Fokus

Во Германија вчера дојде до драматичен раст на бројот на инфицирани со коронавирус, доближувајќи се до 20.000.

Според ноќешните податоци на Министерството за здравство во земјата во моментов има 19.848 лица позитивни на тестот за коронавирусот. Уште во текот на вчерашното попладне бројот на инфицираните беше околу 17.500.

Покраината Северна Рајна Вестфалија и натаму е главното жариште во земјата со 6.257 заразени, а веднаш зад неа следат покраините Баден Винтенберг со 3.665 и Баварија со 3.107 заразени. Во Долна Саксонија има 1.262 инфирицирани, а во Хесен 962.

Досега во Германија умреа 57 лица кои биле инфицирани од коронавирусот ,а 113 се излекувани од болеста.

Поврзани новости