609
Во викенд деноноќието меѓу саботата и неделата во државава се регистрирани 1.254 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи со корона вирусот достигна 20.114. Меѓу вкупниот број на позитивни има и 169 реинфекции.
Во посочениот период се регистрирани и 28 оздравени пациенти, како и 21 починат во болнички услови на возраст од 54 до 90 години. Од вкупниот број на починати лица, девет биле целосно вакцинирани, а кај 20 од нив биле регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.785.054 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, а на починати е 8.383.