311
Турските власти соопштија дека најмалку 38.044 луѓе загинаа во земјотресите што ја погодија земјата.
Сириската влада и Обединетите нации соопштија дека во Сирија загинале повеќе од 5.800 луѓе.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција и северот на Сирија.
Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.